Салиба сака да потпише нов договор

Фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба, изјави дека би сакал да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб, чиј договор му истекува во 2027 година. По пријателскиот натпревар во кој Арсенал ја победи екипата на Њукасл, Салиба откри дека засега нема конкретни преговори за продолжување на договорот, но постои добра комуникација помеѓу неговиот агент и клубот.

„Да, се надевам. Во моментот нема официјални преговори, но има добар дијалог помеѓу мојот агент и клубот. Ќе видиме како ќе се развиваат работите,“ изјави Французинот.

Салиба ја започна својата професионална кариера во Сент Етјен, а во 2019 година се пресели во Арсенал. Следните три сезони ги помина како позајмен играч во Сент Етјен, Ница и Марсеј. Во минатата сезона одигра 51 натпревар за Арсенал, постигнувајќи два гола, и еден од клучните играчи во одбраната на лондонскиот тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО