Македонската „Скајранинг” репрезентација ќе учествува на светско Првенство во Шпанија
Микс / 03.09.2024
Големите спортски натпреварувања од секогаш се предизвик како за натпреварувачите/спортистите така и за самата држава и нејзините институции.
dobivaj vesti na viber
Да се биде учесник на светско или европско првенство носејќи го дресот и знамето на државата и “борејќи” се во нејзино име е чуство различно од сите трки во годината и чувство на восхит кое ви дава дополнителен мотив да го извадите и дадете најдоброто од себе.
Трчањето на високите планини популарниот skyrunning и трчањето во природа по земјени патеки (trаil running) е спорт кој од година во година станува се по популарен а Македонија и нашите тркачи на планините растат во чекор со тој тренд.
Не случјано и оваа година овој септември Македонската Скајранинг репрезентација шеста година по ред ќе биде учесник на големите натпреварувања. Предизвикот наречен светско првенство не ја остави рамнодушна скајранинг комисија која во последен момент благодарејќи пред се на Планинарската Федерација успеа да обезбеди средства за седумчлената репрезентација да оди во Шпанија, да го облече црвено жолтиот дрес и да се растрча по Ибериските планини.
Иако скромно и на дното (во однос на буџетот) од сите 41 репрезентација кои ќе настапат на ова првенство, (најбројно до сега) и буџет кој не успева да ги покрие ниту основните трошоци за превоз до Сорија, НО со големо срце и желба за натпреварување 7 члената репрезентација заминува во Шпанија, за да покаже дека вреди и за да покаже дека не случјано на минатото европско првенство беше 8мо место од 19 репрезентации и најдобро пласирана репрезентација од Балканот.
Македонија има безброј планини, има момци и девојки кои знаат и можат да бидат исклучително брзи на планините. На нив им треба само малку помош и ветар во грб за гордо да го облечат црвено жолтиот дрес и да се вивнат по планинските патеки.
Елена, Ивана, Сашо, Антонио, Златко, Никола со нетрпение го очекуваат шести септември за повторно да ја направат Македонија горда, за да ја промовираат за да покажат на светот дека нашите планини, природа, култура и историја вредат и сме горди на нив !
Натпреварите се во три дена во три дисциплини
1.Вертикален Километар 4,8км со 1050м вертикално искачување
2.-СкајКласик 37км и 2540м вертикално искачување
3.СкајУлтра 70км со 4350м вертикално искалување
Составот на скајранинг репрезентацијата на Македонија која ќе настапи на светското првенство во Шпанија 6-8 септември и дисциплините во кои ќе настпат.
Елена Ртоска -ВК / СкајКласик
Ивана Пекевска ВК/Скај класик
Сашо Богојевски / ВК/ Скајкласик
Никола Илиевски – ВК/СкајКласик
Антонио Каранфилоски – СкајУлтра
Златко Карчески – СкајУлтра
Тим лидер и официјално лице на репрезентацијата
Душко Петрушевски