Ватерполистите на Србија во финалето на ОИ

Ватерполо репрезентација на Србија се пласира во финалето на Олимписките игри (ОИ) во Париз со триумфот над САД со 10:6 (2:2, 4:2, 2:2, 2:0) и сега го чека подобриот од дуелот во второто полуфинале меѓу Хрватска и Унгарија што се игра вечерва.

Многумина ја отпишаа Србија уште пред турнирот, а поразот од Австралија на старот беше само капката што ја прели чашата. Меѓутоа по тој пораз Србија ги консолидираше редовите и беше најдобра кога беше најпотребно.

Некако ја минаа групната фаза, потоа ја победија Грција која важеше за голем фаворит, со гол во последните секунди, а на Американците им одржаа лекција по ватерполо и така се пласираа во финалето.

Најдобар кај Србите беше Никола Дедовиќ со четири гола, а еден помалку постигна Никола Јакшиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО