Спречен терористички напад пред финалето на ЕП во Берлин?

Германската полиција во последен момент спречила терористички напад на денот на одигрување на финалето на ЕП.

Како што пренесуваат германските и британските медиуми, полицијата уапсила три лица во Берлин во пресрет на натпреварот меѓу Шпанија и Англија, кои имале за цел да ја нападнат навивачката зона каде што биле илјадници англиски навивачи.

Германските специјални полициски сили упаднале во становите на три сомнителни лица, кои сакале „да ја нападнат англиската фан-зона во берлинскиот Брајтшајдплац“.

Во координирани рации во блискиот Потсдам уапсени се три лица, а на три адреси биле претресени пет сомнителни лица кои ја „надгледувале“ споменатата локација и големата црква во близина.

– Овие лица и претходно и беа познати на полицијата како поддржувачи на Исламската држава и беа следени, истакнува портпаролот на берлинската полиција.

Во 2016 година, на истото место каде што се наоѓаа илјадници навивачи на Англија, џихадистите влегоа со камион на „Божиќниот пазар“, при што загинаа 12 лица, а 56 беа повредени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО