Струга ТЛ ги дозна можните ривали пред ждрепката за ЛК

Денеска во Нион од 14 часот ќе се одржи ждрепката за двојките од 3. квалификациско коло во Лигата на конференции (ЛК).

Шампионот на Македонија, Струга ТЛ, кого во второто коло го очекува двомеч со Пјуник од Ерменија, ќе го добие потенцијалниот ривал од четирите можни, кои ќе се најдат во „садот“ од каде што ќе се извлекуваат двојките.

Доколку стружани успеат да го минат Пјуник, ќе треба да се подготвуваат за третото коло. Можни ривали ќе им бидат победниците од дуелите од 2. коло, Динамо Батуми (Грузија) – Дечиќ (Ц. Гора), Диферданж 03 (Луксембург) – Ордабаси (Казахстан), Викингур Рејкјавик (Исланд) – Игнациа (Албанија), како и екипата на Ларне од С. Ирска.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО