Македонија го доживеа петтиот пораз на Европското првенство за младинци
Македонската младинска репрезентација доживеа петти пораз на Европското кошаркарско првенство во Полска.
По денешниот пораз од Италија со 70-92, нашите кошаркари ќе разигруваат за пласман од 13-16 место.
Сепак нов пораз може да донесе и испаѓање од А-дивизијата.
Следен ривал на Македонија е Исланд, а во Б-дивизија испаѓаат три тима, што значи дека мора да го добиеме овој дуел, а потоа и мечот за 13-то место, во спротивно се селиме во понизок ранг.
Против Италија се истакна Симиќ со 18 поени и 6 скока, додека Јовановиќ и Бошалески имаа по 13 поени. Шошкиќ имаше девет асистенции, а Стојаноски девет скока.