Меси потешко повреден. Ќе паузира подолго време?

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, ги повреди лигаментите на десниот зглоб во финалето на Копа Америка одиграно во неделата, потврди неговиот клуб Интер Мајами, кој моментално е на второто место во табелата во Источната конференција на МЛС.

Меси се повреди пред крајот на првото полувреме, а беше заменет во 66. минута. Тој поткривнувајќи и со солзи во очите го напушти стадионот „Хард рок“ во Мајами и продолжи да го гледа финалето од клупата. Нж

На тој меч Аргентинците ја совладаа Колумбија со 1:0, со голот на Лаутаро Мартинез во судиското продолжение, во 112. минута и по 16-ти, рекорден пат триумфираа на Копа Америка .

– По медицинскиот преглед, утврдено е дека Лео Меси ги повредил лигаментите на десниот скочен зглоб. Кога тој повторно ќе може да игра, ќе се утврдува со периодичните проценки, а ќе зависи и од напредокот на неговото закрепнување, се вели во соопштението на клубот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО