Комо купува екс-фудбалер на Ливерпул

Новиот италијански прволигаш, Комо и натаму е активен на трансфер пазарот во обид да го засили тимот за тешката сезона што му претстои во италијанската елита.

Последната вест е дека првите луѓа на Комо работат на трансфер на Шпанецот, Алберто Морено. Според Фабрицио Романо, италијанскиот клуб преговара со 32-годишниот поранешен дефанзивец на Ливерпул како слободен играч.

Морено минатата сезона ја мина во Вилјареал, по што го заврши договорот со „жолтата подморница“. Покрај тоа, Комо преговора и со поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед, Рафаел Варан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО