Бразилскиот играч за врска, Филипе Кутињо кариерата ќе ја продолжи во бразилското првенство, во матичниот клуб Васко де Гама, чиј играч беше на почетокот од кариерата, објави прес-службата на тимот. „Волшебникот се врати. Кутињо е Васко!
Кутињо (32) е „дете“ на Васко де Гама. Тој во кариерата играше за клубови како Интер, Еспањол, Ливерпул, Барселона и Баерн Минхен. Играчот од средниот ред освои вкупно 11 трофеи со различни тимови, вклучувајќи ја Лигата на шампиони (ЛШ) и Копа Америка.
Кутињо минатата сезона ја мина на позајмица во катарскиот Ал-Дуал, одигра 24 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна седум гола и имаше три асистенции. Договорот на Кутињо, чија цена е 7,5 милиони евра. со Катарците му истече на крајот од јуни годинава.