Англија го повтори достигнувањето на Германија од ЕП 2008

Селекцијата на Англија го доби полуфиналниот дуел со Холандија на ЕП (2:1) и се пласира во финалето на турнирот во кое ќе игра благодарение на победничкиот гол на напаѓачот Оли Воткинс, постигнат во првата минута од судиското надополнување во вториот дел.

Според „Опта спорт“, само по втор пат победничкиот гол во нокаут фазата на едно ЕП „паѓа“ во судиското надополнување. Првиот ваков гол го даде репрезентацијата на Германија во полуфиналниот натпревар на ЕП 2008, против Турција (3:2).

Во финалето на ЕП 2024 се сретнат Англија и Шпанија, а мечот ќе се одигра во недела на Олимпискиот стадион во Берли, од 21 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО