Фудбалерот, Трент Александер-Арнолд, не крие дека е задоволен од улогата што ја имаше на теренот на вчерашниот меч со Србија на Европскиот шампионат. Играчот на Ливерпул доби задача да дејствува во средината иако по дефиниција е класичен бек.
– Мислам дека одлуката е добра. Беше физички напорно но, кога играш со Деклан и Џуд и четворица стопери позади тебе, тешко е да погрешиш – потенцираше англичанецот за сајтот на УЕФА.