Адриен Рабиот веројатно ќе си замине од Јувентус бидејќи на само две недели до истекот на тековната соработка меѓу двете страни, нема најава дека истата ќе биде продолжена.
29-годишниот фудбалер сака подобри услови пред се финансиски додека „старата дама“ не е расположена да ги покрие неговите барања. Во целата слика може да влезе и тимот на Милан кој, наводно, е расположен да му ги исполни барањата на Французинот.