Ѓоковиќ за тешката одлука: Морав да ја донесам

Новак Ѓоковиќ беше принуден да се откаже од Ролан Гарос, со цел да замине на операција и подготвен да ги пречека Олимписките игри кои доаѓаат.

Српскиот тенисер вчера бил опериран на коленото, а според информациите, неговата рехабилитација до полна форма ќе трае нешто помеѓу 4 до 5 недели.

– Изминатиот ден морав да донесам тешки одлуки, поради повреда на менискусот, морав да се откажат од следната фаза во Париз. Благодарност до лекарскиот тим кој беше со мене, како и за огромната подршка која ја добив од своите навивачи во Париз.

– Ќе дадам се од себе да бидам подготвен и здрав кога ќе се вратам на терен и тоа сака да биде што побргу. Мојата љубов кон овој спорт е доста силна и желбата да се натпреварувам на највисоко ниво е она што ме држи горе, порача Новак Ѓоковиќ.

Тој без борба мораше да го предаде четвртфиналниот меч против Каспер Руд, иако имаше реални шанси да дојде до финалето и да го освои.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО