Измешани емоции кај Атаман – титулата ја посвети на почината личност

Тимот на Панатинаикос по долги години повторно се искачи на европскиот кошаркарски трон.

Еден од најзаслужните за титулата која се враќа во витрините на грчкиот клуб од Атина, е секако тренерот Ергин Атаман, кој цела оваа сезона, ветуваше, најавуваше, дека прво ќе бидат сигурни учесници во Ф4, а потоа и дека ќе го освојат првенството.

– Чувството е неверојатно, силни емоции, не гледаа 15 000 луѓе на трибини во Берлин. Ова го заслуживме, имавме одлична сезона. Бевме во заостаток 15 поени, им дозволивме да ни дадат 36 поени првите 10 минути, па се вративме. Неверојатно, доста сум среќен и горд.

Својата трета круна во Евролигата, Атаман ја посвети на неодамна починатиот татко:

– Знаете дека пред еден месец загубив родител, татко ми. Сигурен сум дека го гледаше ова, беше со мене сите тие титули кои ги освојував со Ефес. Оваа титула му ја посветувам нему. Ова е еден од најимпресивните резултати во историјата на кошарката. Да водите тим до европска титула, кој претходната сезона бил 17-ти на табелата е рамно на чудо, порача Атаман по триумфот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО