Дончиќ и Ирвинг го поттурнаа Далас на 3:0 – сега се на чекор од големото финале

Кошаркарите на Далас ја победија Минесота со 116:107 и поведоа во серијата со 3:0, па сега се на чекор од големото финале.

Домаќините остварија победа, а на овој меч предводник беше повторно Лука Дончиќ, а му асистираше и Кајри Ирвинг, па само една победа сега ги дели од посакуваната цел.

Никогаш во историјата на НБА лигата, ниту една екипа не успеала да избори пресврт по една ваква негатива, што јасно алудира на тоа кој ќе биде финалист во оваа серија.

Се на се, само четири екипи успеале да дојдат до егал од 3-0 негатива, но на крајот, на седмиот натпревар тие биле поразени.

Најефикасен во редовите на Далас беа Дончиќ и Ирвинг со по 33 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО