Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, не успеа да се пласира во третото коло на силниот ИТФ фјучерс турнир што се одржува во Трнава, Словачка, кој е со награден фонд од 60.000 долари.
Таа загуби од Вероника Ерјавец од Словенија со 0:2, по сетови 3:6 и 4:6. Ѓорческа претходно ја победи првата носителка, Japonkata Маи Хонтама, како и Полина Кудерметова од Русија. Тие успеси ќе и донесат нови бодови со кои ќе прогресира на ВТА ранг листата.