Тимот од Монако го победи Фенербахче на гости во Истанбул, со 65:62 и успеа да израмни на 2:2 во четвртфиналната серија што значи дека победникот ќе биде решен во „мајсторката“, во петиот меч.
Тоа беше голема победа за Монако, која играчите „лудо“ ја прославија, а славјето на еден од нив предизвика мешаница меѓу домашните навивачи и гостинските кошаркари. Јарон Блосомгејм славеше пред навивачите на Фенербахче кои не можеа да останат мирни, а еден го гаѓаше со топка, но не го погоди.
Другите играчи на Монако скокнаа во одбрана на својот соиграч, а се вклучија и тренерот на гостите, Саша Обрадовиќ, како и маскотата на Фенербахче. За среќа, ситуацијата не ескалира, иако од трибините летаа разни предмети кон гостинските кошаркари.
A scuffle broke out after the final whistle of GAME 4 in Istanbul 😳 pic.twitter.com/Si2i0v6H5H
— BasketNews (@BasketNews_com) May 3, 2024