Барселона ќе го продава Араухо?

Лошата економска ситуација и натаму ја става на Барселона во позиција да мора да продаде некои од најдобрите фудбалери. Деновиве се’ погласно се зборува за можниот трансфер на дефанзивецот, Уругваецот Роналд Араухо.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека голем број клубови се заинтересирани за Араухо, чиј трансфер наводно би можел да донесе 80 милиони евра во клупската каса.

Клубовите како Манчестер јунајтед и Баерн Минхен и претходно беа поврзувани со Араухо, кој досега одигра 147 натпревари за Барселона. Тој има уште две години од актуелниот договор, но доколку Барса добие добра понуда веројатно нема многу да размислува околу неговата продажба.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО