Покетино: Челси е на добар пат, ни треба време!

Челси се наоѓа на деветтото место во англискиот шампионат, а викендов беше елиминиран од Манчестер сити во полуфиналето од ФА купот. Но и покрај тоа, менаџерот, Маурисио Покетино, смета дека тимот напредува.

– Во последните минути примивме гол кој не требаше да го примиме, но и тоа е дел од фудбалот. Создадовме многу шанси против тимот кој според мене е најдобриот во светот. Добро е што продолжуваме да работиме во тој дух, тоа е патот по кој треба да се движиме во иднина.

За да достигнеме повисоко ниво потребна е напорна работа, донесување правилни одлуки. Се обидуваме да му го додадеме на тимот она што ќе ни помогне да го кренеме нивото. Дефинитивно работиме на тоа. Ова е прва сезона со толку многу околности со кои се справуваме. Мораме да бидеме среќни бидејќи добро се развиваме, изјави Покетино.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО