Жељко Обрадовиќ потврди дека се уште не може да смета на услугите на Зек Ледеј, кој поради смртта на неговиот татко, мораше да замине за Америка.
Тој пред само неколку дена го погреба својот татко на вечното почивалиште, па требаше да допатува во вторник, меѓутоа дошло до компликации.
Се очекуваше дека ќе се приклучи на екипата за дуелот со Олимпијакос, но тоа се уште се нема случено, а причина за тоа е доцнењето на летовите.
– Требаше вчера да пристигне, но има проблем со летовите веројатно. Што се однесува до Олимпијакос, го познаваме противникот, имавме време за анализа, имаат многу квалитет и ќе мора да се натпреваруваме на единствен начин.
Да потсетиме, Зек Ледеј по натпреварот со Барселона, кој се играше на 15. март, ја напушти екипата и замина кон дома. Мечот против Олимпијакос во „Арена“ се игра утревечер од 20:30 часот.