Шчесни: Ќе се откажев доколку Полска не се пласираше на ЕУРО 2024

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни призна дека имал намера да ја заврши кариерата во полската репрезентација доколку неговиот тим не се квалификува за ЕП 2024.
Тимот на Полска синоќа го резервираше своето место на завршницата на ЕП во Германија по драматичната победа на пенали над Велс.

Запрашан дали би се пензионирал од репрезентацијата доколку Полска не се квалификуваше за ЕП 2024, Шчесни одговори: „О, да, ќе ја завршев репрезентативната ккариера доколку не се квалификувавме“.
Шчесни има 81 натпревар за Полска и ќе учествува на своето четврто по ред Европско првенство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО