Лаутаро по 16 „посни“ меча конечно постигна гол за Аргентина

Напаѓачот на Интер и на репрезентацијата на Аргентина, Лаутаро Мартинез по 16 „посни“ натпревари постигна гол за националниот тим, погодувајќи синоќа на пријателскиот натпревар со Костарика (3:1).

Контролката Аргентина – Костарика се одигра на „Меморијалн колосеум“ во Лос Анџелес каде што напаѓачот на Интер го постигна последниот гол на средбата.

Лаутаро (26) последен пат даде гол за „гаучосите“ пред 18 месеци, во септември 2022 година, на мечот со Хондурас (3:0). Тој има одиграно 56 натпревари за Аргентина на кои постигна 22 гола.

Сезонава Мартинез на 37 настапи и вкупно 2.908 минути игра во сите конкуренции, постигна 26 гола и имаше пет асистенции.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО