(ВИДЕО) Продолжува реконструкцијата на „Камп Ноу“; Барса планира отворање во декември!

Нa „Ноу Камп“ продолжуваат обемните градежни работи на стадионот на Барселона што ќе чинат околу 1,5 милијарди евра.

Барселона се надева дека ќе биде домаќин на натпревар на „Камп Ноу“ во декември годинава, пред околу 65.000 навивачи, на првиот и на вториот ред на трибините што треба да бидат во функција за натпреварот.

Откако Барса ја освои титулата во Ла лига во јуни 2023 година, каталонскиот гигант почна со работите на светски познатиот стадион како дел од проектот за комплето реновирање.

По реновирањето капацитетот на стадионот ќе изнесува 105.000 гледачи (досега 99.354). Заедно со проширувањето, ќе бидат променети и ентериерите на „Камп Ноу“, а ќе се вградат и ескалатори. Стадионот ќе го добие и најголемиот лизгачки, подвижен покрив од ваков вид во Европа.

За време на периодот на реновирање, Барселона привремено е домаќин на своите домашни натпревари на олимпискиот стадион „Монжуик“ кој е со капацитет од 54.000 места.

Реновирањето на „Камп Ноу“ има значителни финансиски импликации за клубот. По завршувањето, Барселона предвидува дополнителен годишен приход од 35 милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО