Норвежанецот Хауган најбрз на слаломот во Залбах

Норвежанецот Тимон Хауган е победник на слаломската трка која се возеше во Залбах, во рамките на Светскиот куп. Хауган дојде до првата победа во кариерата со резултат 1:54:00 минута.

Резултатот на Норвежанецот беше подобро за 0,40 секунди во однос на второпласираниот Мануел Фелер од Австрија, додека на подиумот место обезбеди и Штрасер од Германија со заостанување од 0,44 секунди во однос на победникот.

Натпреварите во Светскиот Куп кај мажите завршува следниот викенд со трките во спуст и велеслалом, а шампион е Швајцарецот Марко Одермат.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО