Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хег, одговори на гласините дека крилниот напаѓач на „црвените ѓаволи“, Маркус Рашфорд може да биде продаден на друг клуб ова лето.
-Не потпишавме нов петгодишен договор со него минатата сезона за да го продадеме сега. Маркус треба да биде дел од овој проект. Ова не е темата за која треба да зборуваме, изјави Тен Хег.
Да потсетиме, претходно во медиумите се појави информација дека ПСЖ е заинтересиран за 26-годишниот фудбалер. Поточно, беше објавено дека францускиот гигант е подготвен да му понуди на Манчестер Јунајтед 80 милиони евра за играчот, а самиот Рашфорд договор со плата од 10 милиони евра годишно. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година.