Атлетичарите од Бразил, Еквадор, Перу и Португалија ќе бидат почесто тестирани во пресрет на Олимписките игри во Париз, бидејќи тестовите во нивните земји се под стандардите на антидопинг програмата, соопшти Одделението за интегритет во атлетиката (АИУ).
АИУ во соопштението рече дека четирите земји не ги послушале предупредувањата по Светското првенство во 2022 година во Јуџин за подобрување на тестирањето пред Светското првенство во Будимпешта во 2023 година.
– Сите четири земји не обезбедија пропорционално тестирање надвор од натпреварувањето за своите спортисти, се наведува во соопштението.
Подобреното тестирање ќе вклучи спортисти од оние земји кои не се меѓу првите 10 рангирани во нивните дисциплини.