Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров загубија на првиот четвртфинален меч од Европскиот Куп против Елче во Шпанија со убедливи 36:21. Високиот пораз им остава малку надежи на нашите ракометарки за реваншот следната недела.
Првото полувреме домашните ракометарки го добија со 14.10, но во вториот дел тотално доминираа и ја направија разликата за убедлива победа.
Најефикасна во Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со пет погодоци, а Анастасија Николовска постигна 4 гола.
Реванш дуелот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра на 17 март со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.