Камавинга: Франција има само една цел – злато на Евро 2024

Играчот за врска на француската фудбалска репрезентација и првотимец на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга вели дека примарна цел на Франција ова лето е златото на Европското првенство.

„Целта на сите Французи е да го освојат Еврото, а ние тоа го сакаме! Олимписките игри? И тука имаме цел, но да зборуваме за тоа по Европското првенство. Ако го освоиме ЕП 2024, ќе ја обојам косата сина, бела и црвена“, изјави Камавинга,

Франција на ЕП 2024 е во иста група со селекциите на Австрија и Холандија. Четвртиот противник се уште не е одреден.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО