Ливерпул побарал од Египетската фудбалска федерација, Мохамед Салах да остане во Англија за да продолжи со опоравувањето и да избегне ризик од нова повреда.
Ѕвездата на „црвените“ се мачеше со повреда поради која не учествуваше до крајот на Купот на африканските нации и пропушти неколку натпревари за „црвените“, но моментално е „фит“ и се врати во тимот на Јирген Клоп.
Египќаните, наводно се согласиле со барањето на Ливерпул истакнувајќи дека тоа е најдобрата опција за нивната ѕвезда за неговата долгорочна рехабилитација.