Специјалниот“: Јас сум како Алонсо, можам да бидам во тим без услови за победа

Жозе Мурињо вели дека може слободно да се спореди со ветеранот во Формула 1, Фернандо Алонсо кога се зборува за големите очекувања од него.

-Веројатно ќе се вратам на работа во текот на летото. Знам како е. Ајде да се обидеме да ја донесеме најдобрата одлука. Приказната е секогаш иста. Како со Фернандо Алонсо. Можеш да бидеш во тим без услови за победа и луѓето очекуваат од тебе да победиш. Истото ми се случува и мене. Можам да тренирам тимови кои никогаш не победиле, а луѓето секогаш очекуваат да се случат чуда. Морам да бидам повнимателен во изборот, изјави Жозе Мурињо, кој во јануари беше отпуштен од Рома.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО