Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, уште еднаш изјави дека се чувствува многу среќен во тимот на Ал Наср и не гледа причина да си замине.
Напаѓачот често беше критикуван поради изборот на тим, а многумина тврдат дека Португалецот игра во Саудиска Арабија исклучиво само поради огромната сума на пари што ја добива.
-Среќен сум во Саудиска Арабија, многу среќен! Среќен сум што го претставувам тимот на Ал Наср и можам да кажам дека за мене сезоната е позитивна бидејќи во овој момент имаме можност да ги освоиме сите турнири на кои учествуваме, вели 39-годишниот Португалец кој игра за Ал-Наср од јануари 2023. Оваа сезона Роналдо забележа 31 настап, постигна 28 голови и 11 асистенции.