Евролигата влегува во финиш за одлуката која еуфорично се чека во Белград

Следната недела ќе биде клучна околу одлуката на Евролигата околу тоа дали Партизан ќе добие долгорочна лиценца за учество во најквалитетното клупско кошаркарско првенство.

На состанокот во седиштето на Евролигата, ќе биде организирано и гласањсе околу тоа дали ќе се приклучи во ова првенство и тм од Емиратите, нешто за кое подолго се зборува.

Првично се најавува дека идната сезона, Дубаи веројатно би добил тим во Еврокупот, а потоа да се приклучат во Евролигата од сезоната 2025/26.

Но исто така во серијата состанови во Евролигата, ќе има и преговори околу тоа на кого да му се додели „вајлд карта“ за учество во споменатата Евролига.

Партизан изминатиот период работеше напорно на терен со лобирања кај првиот човек на Евролигата, Дејан Бодирога за добивање на долготрајна лиценца за учество во најквалитетното првенство. Информациите се дека Евролигата ќе го израдува не само Партизан, туку и Црвена Звезда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО