Познат терминот за отворање на ЛОИ во Париз 2024

Свеченото отворање на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 година, на 26 јули ќе започне во 19.30 часот, соопштија организаторите додека ги прават последните подготовки пред почетокот на најголемиот спортски настан во светот.

– Го избравме овој час за да го искористиме максимумот од светлината, рече претседателот на Организациониот комитет на Париз 2024, Тони Естангет на прес-конференција по седмата и последна посета на Координативната комисија на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Парадата на спортистите со чамци долж Сена ќе се одржи токму кога сонцето заоѓа во 21.35 часот.

Организаторите на Париз 2024 веќе ги објавија официјалните плакати и медали.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО