Неодамна, во еден поткаст во кој гостин беше Рио Фердинанд, поранешниот ас на Манчестер Јунајтед, тој истакна дека доколку Микел Артета во иднина добие понуда од „црвените ѓаволи“, без многу размислување би ја прифатил и би го напуштил Арсенал.
Неколку дена откако тоа беше кажано, Микел Артета се огласи преку медиумите на островот за таквата можност која што ја изложи Фердинанд.
– Мислам дека не би го направил тоа, но добро, тоа е дел од нашата тренерска задача, изложени сме на медиумите и мора да се носите со тоа, мора да се носиме со новинарите. Тие секогаш ќе си го кажат своето мислење, но сите тренери повеќе посакуваме позитивни вести, откако да се пишуваат негативни и лажни вести, порача Микел Артета.
Артета не негираше флуентно за тврдењето на Рио Фердинанд, но се стекнува заклучок дека тој ја остави вратата отворено за таква опција во иднина.