Во склоп на 27. коло од шпанското првенство, фудбалерите на Селта ја победија екипата на Алмерија со минимален резултат.
Овој меч беше со доста шанси на двете страни, но заврши со победнико и со само еден погодок. На оваа средба, се случи еден драматичен потег на фудбалерот на Селта.
Имено, во еден момент, гостинскиот играч Марк Пубил жестоко проклиза и во таа прилика го повреди својот соиграч Лука РОмеро, кој го закачи со крампоните во глава.
Несреќниот фудбалер заврши на носилки, а потоа беше одведен во најблискиот клинички центар со сериозни повреди на главата.
За сета среќа, утврдено е дека нема никаква фрактура на виталните места, но имал сериозни болки во пределот на вилицата. Се уште не е познато колку ќе отсуствува, но овој инцидент можеше да има подалекусежни последици.
🚨| Luka Romero (Almeria) subbed out in the match against Celta Vigo after being injured by teammate
pic.twitter.com/FIKUmHtILw— Red Card Alert (@collinabanter) March 1, 2024