Алегри допрва ќе реши дали ќе остане во Јуве

Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри, ќе чека да заврши сезоната а потоа ќе започне преговори со челниците на тимот за да ја продолжи соработката која му истекува во 2025 година.

-Сè уште не сум разговарал со клубот за тоа, имам уште една година од договорот и мислам дека е најдобро прво да ја завршам сезоната. Потоа, кога менаџерите ќе одлучат каква ќе биде иднината ќе ме известат – вели Алегри.

– Мораме да направиме се за да завршиме втори и да го подобриме резултатот од минатата сезона.Тимот е многу променет, во него се појавија многу млади играчи– вели тренерот на „старата дама“

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО