Австриецот Фелер победник на слаломот во Палисejдс Тахо

Aвстриецот Мануел Фелер победи на осмиот слалом сезонава во Светскиот куп (СК) во алпско скијање, што доцна синоќа се одржа во американскиот зимски центар, Палисејдс Тахо.

Фелер беше четврти по првото возење, но со одличен втор настап се проби на врвот, постигнувајќи ја шестата победа во СК, шеста во слалом, четврта сезонава. Тој победи пред Французинот Клемен Ноел и пред Германецот Линус Штрасер.

Фелер е водечки во слалом во СК со 590 поени. Штрасер има 386, а Ноел 352 бода. Во генералниот пласман води Швајцарецот Марко Одермат со 1.702 бода пред Фелер со 801 и Французинот Сиприен Саразин кој има 684 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО