Меси погоди, 20-та сезона по ред!

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси синоќа на мечот од американската МЛС лига меѓу Лос Анџелес Галакси и Интер Мајами (1:1) го постигна израмнувачкиот гол во судиското надополнување на времето, во 92 минута.

Напаѓачот на Интер Мајами со овој погодок ја „отвори“ 20-та година по ред во која постигнува погодок на официјален натпревар.

Меси (36) првиот гол го постигна на 1 мај 2005 година за Барселона на мечот од Ла лига против Албасете (2:0), кога имаше само 17 години.

Во тимот на Мајами на мечот во Калифорнија, покрај Меси имаше уште тројца поранешни играчи на Барселона, Шпанците, Жорди Алба и Серхио Бускетс, како и Уругваецот Луис Суарез.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО