Јончевски ја собра репрезентацијата: Мечот со Естонија е најважниот за нас!

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа во СРЦ „Кале“ ги започна подготовките за престојните квалификациски дуели за пласман на Евробаскетот кој ќе се одржи во 2025 година.„Црвено-жолтите“ квалификациите ги започнуваат на домашен терен и тоа веќе в петокс о меч против Естонија. Селекторот Алекандар Јончевски, непсоредно пред првиот тренинг во салата на СРЦ „Кале“, ги сподели своите размислувања пред стартот на квалификациската трка.

-Четири екипи од кои само една нема да оди понатаму. Ако направиме математика дека Полска како домаќин сигурно оди понатаму, а дека Литванија со децении нема пропуштено Европско првенство, шансата ни преостанува со Естонија. Првиот натпревар е на домашен терен и тој е најбитниот натпревар без разлика на циклусот кој трае цела година. Овој натпревар ќе реши многу работи за понатамошниот настап“, рече Јончевски.

Естонците во Скопје доаѓаат со голем број на интернационалци и мечот во петок ќе биде исклучително тежок. Дуелот ќе се одигра во СРЦ „Кале“ со почеток од 19 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО