Колегите од Лацио на мегдан: Симеоне против Инѕаги

Интер утре вечер ќе ја има својата „магична вечер“ пред своите навивачи, на „Џузепе Меаца“, каде го пречекуваат составот на Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар.

Нераѕурите имаат големи очекувања, посебно откако ја минаа групната фаза во ЛШ, сметаат дека се кадарни да дојдат еден чекор понапред во ЛШ, односно во четвртфиналето.

Самиот Инѕаги смета дека мора да бидат над своите можности и да бидат совршени за да го добијат Атлетико Мадрид во двомечот.

– Искрено, утре ќе биде задоволство да се види Диего повторно како опонент. Тој беше одличен тимски играч во минатото, кога игравме во Лацио, потоа замина во Атлетико. Уште во минатото беше јасно дека тој ќе стане добар тренер.

– Утре ќе се соочиме против незгоден и искусен противник, посакуваме добар резултат пред своите навивачи, ќе биде тежок двомеч за нас, но ќе се обидеме да се избориме за добар резултат, порача Инѕаги.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО