Џиро д’Италија: Еквадорецот Нарваез најбрз во првата етапа

Еквадорецот Џонатан Нарваез беше подобар од фаворитот, Словенецот Тадеј Погачар и победи на воведната етапа од 107-то издание на Џиро д’Италија, првата гран-тур велосипедка трка годинава. Нарваез ја оствари втората етапна победа на Џиро, по 2020 година.

Велосипедистот на Инеос Гренадирс, Нарваез, прв ја мина целта во Торино, пред Германецот Макс Шахман, кој беше втор и пред Словенецот Погачар на третото место. Погачар кој вози за тимот на Емирати годинава има за цел да забележи редок подвиг, да триумфира на Џиро и Тур де Франс, што не е забележано уште од Марко Пантани во 1998 година.

Погачар нападна на последното искачување, и иако не ја освои етапата, веќе има водство пред еден од главните ривали, Британецот Герент Томас кој задоцни 10 секунди и е 11-ти во генералниот пласман, 20 секунди зад Нарваез откако беа земени предвид бонусните секунди.

Меѓу другите ривали на Погачар за генералниот пласман, Колумбиецот Даниел Мартинез и Австралиецот Бен О’Конор завршија заедно со Томас во пелотонот, додека Шпанецот Хуан Педро Лопез заостана уште 10 секунди, вкупно 30. Французинот Роман Барде, беше 39-ти, 1,37 минути зад лидерот.

Денешната втора етапа долга е 161 км, од Сан Франческо ал Кампо до Сантуарио ди Оропа (Биела), и вклучува стрмно искачување до целта.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО