Зверев направи инцидент со судијата во Минхен

Германскиот тенисер Александар Зверев, збесна на главниот судија на неговиот последен меч и му се закануваше дека ќе го напушти натпреварот.

Тоа беше на мечот од четвртфиналето на турнирот во Минхен, против Кристијан Гарин. Зверев на крајот беше поразен со резултат 6:4, 6:4.

На терен паѓаше дожд, а судијата не го прекина натпреварот, што му попречи на Зверев, па реагираше.

– Во кој момент нешто ќе направиме? Во кој момент? Кажи ми. Зарем ништо нема да направиме цел меч? Тогаш завршив, ќе ги одиграм следните два гема и тоа е тоа. Ова е смешно, буквално врне дожд, му рече Зверев на судијата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО