ФИФА нема намера да се откаже од планот на Инфантино

Еден ден откако ФИФА ја објави намерата Светското првенство во иднина да има приватен партнер, во светот на фудбалот се крена голема бура.

УЕФА и КОНКАКАФ одлучија да ја бојкотираат ФИФА, а иста одлука наскоро се очекува да донесе и Азиската конфедерација.

Според почетната позиција, европските репрезентации нема да учествуваат на Светското првенство во 2030 година доколку претседателот Џани Инфантино ја спроведе својата идеја. Земјите од Северна и Централна Америка, исто така, го поддржаа ставот на УЕФА. Сепак, ФИФА нема намера да се откаже од својата намера, објавува Асошиејтед Прес.

„Никој не го продава фудбалот. Тоа не е нешто што ја интересира ФИФА. Го почитуваме тоа што некои се изјаснија и ги почитуваме загриженостите и сакаме да потврдиме дека сме посветени на отворена и демократска дискусија. Нашите разговори беа прекинати од неточни медиумски известувања. Ги продолжуваме консултациите и сакаме секој член на ФИФА да гласа врз основа на фактите“, се вели во соопштението на ФИФА.

Иницијативата „FIFA Forward Enterprise“ е план што може да ја зголеми сегашната вредност од околу 20 милијарди долари. Потенцијалниот инвеститор е, нема да верувате, Џошуа Кушнер или поточно неговата инвестициска компанија. Џошуа е брат на Џаред Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сите фудбалски фанови се најмногу загрижени од фактот дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, имал блиски односи со Трамп во претходните години, а сè резултирало со флагрантно кршење на фудбалските правила среде турнирот поради лобирањето на Трамп. Затоа отпорот што го покажуваат УЕФА и КОНКАКАФ веројатно се темели на апсолутна недоверба кон Инфантино, а не на вистинската состојба на работите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО