Џејмс објасни зошто Никола Јокиќ е еден од најголемите во новата ера на НБА

Легендарниот Леброн Џејмс има само пофални зборови за српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Тие двајца ќе водат битки во првата рунда од плеј-офот од Западот, а воведниот натпревар ќе го одиграат во недела од 02:30 часот.

Пред тој меч, Леброн го најави натпреварот, споменувајки го и српскиот ас за кого смета дека е исклучително талентиран кошаркар.

– Никола Јокиќ е секако еден од најдобрите играчи кои некогаш настапувале во НБА првенството. Едноставно е, тој е доминантен. Јокиќ е играч кој го менува нивото на игра, го менува размислувањето во играта, тоа е доказ дека е голем, порача Леброн Џејмс.

Инаку Денвер на последните осум натпревари славеше против ЛА Лејкерс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО