Златното момче со најскап трансфер

Ламине Јамал, десното крило на Шпанија и Барселона, по одличната сезона за клубот се истакна и за националниот тим на ЕУРО 2024.

Каталонскиот Мундо Депортиво на својата насловна страница открива дека неговиот клуб среде ЕП во Германија одбил понуда од 250 милиони евра за продажба на Ламине. Изворот наведува дека понудата била испратена од ПСЖ, но Барселона ја одбила сумата што би можела да го направи најскапиот фудбалер тинејџер во историјата.

Жоан Лапорта во март откри дека добил и одбил понуда од 200 милиони евра за феноменот од неименуван клуб.

Уште тогаш шпанските медиуми пишуваа дека е испратена од ПСЖ.

Интересно, најскапиот трансфер во историјата е оној од Барселона во ПСЖ во 2017. Тогаш Нејмар направи трансфер за 222 милиони евра.

Барселона мораше да го пушти бидејќи неговата откупна клаузула беше многу висока. Клаузулата на Јамал изнесува една милијарда евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО