Зиркзе заминува од Болоња за 50.000.000 евра

Џошуа Зиркзе е клучниот играч на хит екипата во Серија А, Болоња. Клубот од „Ренато Делара“ ита кон историскиот пласман во Лигата на шампионите. Зиркзе на 31 натпревар сезоната има учинок од 11 голови и шест асистенции.

Џошуа Зиркзе во Болоња пристигна од Баерн Минхен. Баварците имаат опција да го врата за 40 милиони евра, но тие не се заинтересирани за напаѓачот.

„Газета дело спорт“ открива дека Зиркзе се согласил да се пресели во Милан.

„Росонерите“ се подготвени да платат до 50 милиони евра за неговите услуги. Холанѓанецот треба да го наследи Оливие Жиру, кој оди во МЛС.

Исто така, Лука Јовиќ ќе остане во Милано, но како резервен напаѓач.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО