Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров дојдоа до двојната круна со освојување на титулата во Купот на Македонија. Ѓорче Петров во финалниот натпревар славеше над дебитантот ЖРК Чаир (36:24) во меч во кој доминираа во текот на целиот натпревар.
Чаирчанки му парираа на шампионот само во првото полувреме, но потоа подолгата клупа и поквалитетниот ростер се покажа ма теренот и работите си дојдоа на свое место. Резултатот беше изедначен до 13:12, за потоа да влезат во серија ракометарките на Ѓорче Петров и да направат предност која беше недостижна до крајот на натпреварот.
Во редовите на победничката екипа најефикасни беа Анастасија Николовска со седум гола и Емилијана Ризоска со шест погодоци, додека кај ЖРК Чаир, Бојана Диневска погоди седум пати, а Леонора Рахмани реализираше пет гола.