Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа ќе настапи во квалификациите за следниот Грен Слем турнир, отвореното првенство на Франција во Париз – Ролан Гарос. Ѓорческа ја доби својата противничка во првото коло од квалификациите, станува збор за Маро Рувруа од Франција. Рувруа е 23-годишна тенисерка која во моментов се наоѓа на 277. место во сингл-конкуренција на ВТА-листата.
Највисокиот ранкинг што Рувруа го имала е 231 позиција, во јануари 2024 година. Мечот е предвиден да се игра во вторник, а точниот термин ќе биде одреден во понеделник попладне.