Започна зимската пауза во Премиер лигата, малку одмор и за фудбалерите  

Ова е трета сезона со зимска пауза во англиската Премиер лига. Секој од 20-те тима ќе има двонеделна пауза помеѓу 2 и 30 јануари.

Договорот беше постигнат за сезоната 2019/20, но потоа беше ставен „под мраз“ поради пандемијата на ковид-19 и згуснатиот календар на Светското првенство (СП) 2022 година.

Сега зимската пауза се враќа и ќе им овозможи на фудбалерите дополнителна недела за одмор по напорните божиќни и новогодишни дуели.

Секој тим од Премиер лигата ќе има зимска пауза во текот на двата викенда во јануари, помеѓу третото и четвртото коло од ФА купот. Но сепак ќе има натпревари во паузата, односно натпреварите од 21-то коло ќе биде распоредени во двата викенда со по пет натпревари.

Половината тимови ќе паузираат на 13/14, а другата половина на 20/ 21 јануари.

Десетте екипи кои нема да играат натпреаври на 13/14 јануари се: Арсенал, Борнмут, Брентфорд, Брајтон, Кристал палас, Ливерпул, Нотингем форест, Шефилд, Вест хем и Вулверхемптон.

Следниот слободен викенд, на 20/21-ви, ќе биде за Астон Вила, Барнли, Челси, Евертон, Фулам, Лутон, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Њукасл и Тотенхем.

Во најголем дел од Европа, како и во преостанатите врвни лиги како што се шпанската Ла лига, италијанската Серија А, германската Бундес лига и француската Лига 1, зимската пауза почнува пред 25 декември, а натпреварите продолжуваат во првата недела од јануари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО