Ланишек фаворит за триумф во Инсбрук

Денеска на скокалницата во Инсбрук, Австрија (13.30 часот) е третиот натпревар во рамките на 72. новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Словенечкиот ски-скокач Анже Ланишек, победникот на вториот натпревар во Гармиш-Партенкирхен во понеделникот, беше најдобар на вчерашните квалификации, со скокот од 134 метри.

Австриецот Стефан Крафт, лидерот во Светскиот куп (СК), беше втор со пократок скок за 9,5 метри од Ланишек. Трет беше Јапонецот Роју Кобајаши со скокот од 129 метри.

По првите два натпревара на турнејата, во германските Оберсдорф и во Гармиш-Партенкирхен, во водство е Германецот Андреас Велингер со 600,7 поени, пред Кобајаши (598,9) и Крафт (575,5).

По Инсбрук, на ред се скоковите во Бишофсхофен, на 6 јануари, последното натпреварување на новогодишната турнеја.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО